ВЕСТИСВЕТ

Втор Божиќ во светот во услови на пандемија

Зголемениот број на заразени со корона вирус во светот и годинава го засени празникот на Раѓањето на Исус Христос, Божиќ. Многу цркви мораа да ги откажат богослужбите, а илјадници летови беа откажани. Од луѓето повторно беше побарано да ги почитуваат правилата за растојание и носење маска. Во Витлеем – палестинскиот град на Западниот Брег – за кој христијаните веруваат дека е родното место на Исус, сепак, имаше церемонии. А, во Ватикан, папа Франциск го прослави Бадник пред ограничен број верници од околу 2 илјади луѓе пред базиликата Свети Петар.

Сите освен папата, имаа маски на лицето. Неговата празнична порака се фокусираше на сиромашните, односно ги повика луѓето во светот да гледаат што се случува зад украсите и лампионите и да се сетат на сиромашните.

Да имаме само еден страв – дека можеме да ја навредиме љубовта Божја, да го повредиме сиромашните со нашата рамнодушност. Исус многу ги сака и еден ден ќе нè пречекаат во рајот.

Во Европа некои земји воведоа строги мерки и го забранија масовното славењето на празникот. Холандија се врати во изолација, додека Шпанија и Италија наложија задолжително носење маски и на отворено.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button