ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Втор ден Тетово без починати од ковид, во Гостивар три жртви

И покрај намалувањето на бројот на заразени лица во Гостивар, во последните 24 часа во овој град се регистрирани уште три смртни случаи. Лекарите велат дека бројот на амбулантски прегледи е намален, додека 27 лица се хоспитализирани во ковид центарот и внатрешното одделение.

„На инфективното одделение имаме 27 пациенти и 15 во модуларниот центар. Пациентите се во релативно критична состојба, од кои тројца се во малку посериозна состојба, но верувам дека ќе успееме да се справиме и со нив. Во споредба со минатата недела имаме добра и релативно стабилна ситуација.“

За разлика од Гостивар, во Тетово ситуацијата е помирна. Втор ден по ред, по речиси три недели, нема смртни случаи од коронавирус.

„Ситуацијата денеска во Тетово е стабилна, за среќа бројот на жртви е нула, исто како и вчера. Имаме 82 хоспитализирани кои сè уште се во сериозна состојба со кислородна терапија. Синоќа имавме 132 прегледи, сите со рани симптоми на вирусот…“

Ситуацијата денеска е мирна во пунктовите за вакцинација во Тетово. За разлика од другите денови, денеска немаше турканици.

Bashkim Sulejmani

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button