РЕГИОН

Вучиќ и Ердоган: важно е да се зачува мирот на Балканот

Претседателите на Турција и Србија Реџеп Таип Ердоган и Александар Вучиќ во Анкара оценија дека соработката меѓу двете земји е одлична и дека зачувувањето на мирот и стабилноста на Западен Балкан е од клучно значење.

Говорејќи на заедничката прес-конференција по средбата меѓу двајцата лидери и седницата на Високиот совет за соработка Србија-Турција, Ердоган рече дека поддршката на Србија за суверенитетот и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина е многу важна за мирот и стабилноста во регионот.

Ердоган рече дека „императив е сите страни да се воздржат од преземање чекори што му штетат на територијалниот интегритет на БиХ и сите да се однесуваат одговорно“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button