ВЕСТИРЕГИОН

Вучиќ кажа до кога Србија нема да воведува санкции против Русија

Српскиот претседател Александар Вучиќ, синоќа од Њујорк, каде што учествува на седницата на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН), изјави дека Србија сè уште нема да воведува санкции кон Русија, но и дека очекува притисок кога станува збор за позицијата на неговата земја по ова прашање.

Кажа дека очекува нов притисок од Западот во врска со воведувањето санкции против Русија поради инвазијата на Украина и оти очекува европските претставници да му „држат предавања“ на оваа тема.

„Внимателно ќе ги слушам и ќе кажам – ја водам Србија како претседател и сè додека мислиме дека можеме да ги издржиме овие проповеди, ќе ја водиме оваа политика“, рече Вучиќ, одговарајќи на новинарски прашања.

Српскиот претседател кажа и дека кога ќе сфати дека не може повеќе, нема да води таква политика, но нагласи дека Србија веќе една година и седум месеци води чесна, фер и одговорна политика.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button