ВЕСТИРЕГИОН

Вучиќ: Шолц побара од Србија да се приклучи кон санкциите против Русија

Со германскиот канцелар, Олаф Шолц, разменив мислења за сите важни и не така лесни теми. Германија е најголемиот трговски партнер на Србија, годинава има пораст во трговската размена, изјави денеска српскиот претседател, Александар Вучиќ, по разговорот со Шолц кој е во посета на Белград.

Вучиќ нагласи дека Шолц на дециден и остар начин побарал Србија да се приклучи кон санкциите за Русија.

„Разговаравме за политичката ситуација во светот, а Шолц на многу решителен, јасен и остар начин побара од Србија да се приклучи кон санкциите против Русија, односно да ги поддржи рестриктивните мерки што ЕУ веќе ги усвои против Русија“, изјави српскиот претседател, додавајќи дека тој ја објаснил државната позиција и спецификите на ситуацијата околу Косово и Метохија, како и енергиката и традиционалните односи со Русија.

 

„Важно е што повеќе земји да се приклучат во санкциите против Русија, очекуваме сите земји кандидати за ЕУ да се приклучат кон санкциите“, посочи претходно Шолц.

 

Вучиќ исто така посочи дека српските власти ќе дадат сè од себе за да постигнат напредок во рамките на дијалогот со Приштина под покровителство на Брисел.

Германскиот канцелар денеска е во прва официјална посета на Србија, која е дел од неговата дводневна турнеја на Западен Балкан, во рамките на која утре ќе ја посети и Македонија./Makfax

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button