ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

За 24 часа нови 55 хоспитализирани поради Ковид-19

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 55 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 657 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекува на инфективните оддели во главниот град, соопштија од Министерството за здравство.
Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 27 приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 20 примени пациенти и 8 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле и на Клиниката за детски болести не биле примени нови болни. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 22 оздравени пациенти.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button