ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

За 24 часа регистриран само 1 случај на ковид-19 во земјава

Во текот на последните 24 часа, од 1.375 извршени тестови на национално ниво, регистриран е само 1 нов случај на Ковид-19. Пациентот е од Куманово. Како што дознава Алсат, за истиот период излекувани се 204 пациенти. Битката со Ковид-19 во последниве 24 часа ја изгубиле 3 пациенти.

Од почетокот на пандемијата, во нашата земја се регистрирани вкупно 155.418 случаи, од кои 149.496 се излекувани, а 5.458 починале. Во нашата земја во моментов има 464 активни случаи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button