ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

За две години општините добиле 14,5 милиони евра од Владата

Владата за две години на општините им префрлила 14, 5 милиони евра. Државната ревизија го анализираше управувањето со капитални трансфери од буџетот кон единиците на локална самоуправа. Владата на девет општини за субвениции за инвертор клими пренасочила близу 10,5 милиони евра за справување со аерозагадувањето. Пари во 2018 – та година се дадени и на општина Тетово за чистење на комуналниот отпад на локалитетот Фалише. Обезбедени биле 2,2 милиони евра, но не бил склучен договор за чистење.

„Не е склучен договор од причина што во Одлуката истото не е предвидено. Предвидена е обврска на општината за искористените средства да достави извештај до Владата, која треба да го следи наменското користење на средствата“, велатт од Државен завод за ревизија.

Министерството за локална самоуправа во периодот на ревизија, направило трансфер кон општините од 7,2 милиони евра од кои 5, 5 милиони евра се дадени за изградба на плоштад Скендербг. Проектот се работел во три фази. Две се целосно готови, додека третата фаза за подземен паркинг има проект, но не е започнат со изведба бидејќи овој дел треба да се финансира преку јавно приватно партнерство.

„Според информацијата изготвена од Министерството за локална самоуправа доставена до Владата во декември 2019 година, е наведено дека во периодот од јануари 2014 година до декември 2018 година за изработка на проектна документација, како и за изведени градежни и градежно занаетчиски работи од втората фаза, реализирани се средства во вкупен износ од 12,4 милиони евра“, велат од Државен завод за ревизија.

Предмет на анализа е и Бирото за регионален развој. Оваа институција во 2018 – та и 2019 – та година на селата и подрачјата со специфични развојни потреби склучила 145 договори. За 49 договори склучени биле анекси вредни над еден милион евра и биле исплатени авансно. Ревизијата утврдила дека авансното плаќање предизвикува можност, парите да бидат искористени за други намени. ДЗР на крајот од извештајот нотира – “За управување со капиталните трансфери кон ЕЛС од Буџетот на РСМ не се создадени сите неопходни услови од страна на надлежните институции во Републиката“.

Бојоан Стојановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button