ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

За еден месец, најголем број на вакцинирани во Тетово, Кичево и во Неготино

Тетово, Кичево и Неготино се градовите со најголем раст на граѓани кои се вакцинирале во изминатиот месец по воведувањето на рестриктивните мерки. Иако тетовци и кичевци пред само еден месец беа на листата со најмалку вакцинирани граѓани во споредба со другите градови, сега забележуват раст од речиси 20 проценти на вакцинирани со прва доза. Откако започнаа да важат мерките со кои се бара сертификат за влез во одредени места на ниво на цела држава за 14 проценти е зголемен бројот на вакцинација. Сега опфатот на вакцинирани под 40 проценти е во Гостивар, Струмица, Виница, Куманово, Дебар и Кратово. Над 50 проценти од населенеито е вакцинирано во Битола, Велес, Кавадараци, Гевгелија, во Охрид. Во Скопје вакцинирани се 47,9 проценти, односно над 238 илјади. За колективен имунитет вакцинирани тѕреба да бидат над 70 проценти од граѓаните.

Процент на вакцинација за еден месец 

ТЕТОВО                 –             18,4 проценти

КИЧЕВО                   –           18,3 проценти

НЕГОТИНО             –            16,2 проценти

СКОПЈЕ                  –             13,6 проценти

 Здравствените власти во земјава веќе најавуваат заострување на мерките од следниот месец во зависност од состојбата со Ковид-19 и неговите мутации. Граѓаните ќе мора да имаат примено две дози на вакцина за да може да посетуваат кафуле, ресторан, театар или било каков настан. И европските земји поради опасноста од нов бран на заболени од Ковид, започнаа со воведување на заострени анти ковид мерки со единствена цел граѓаните помасовно да се вакцинираат. Италија и Словенија се првите земји кои ги донесоа најстрогите анти-ковид мерки  кои се очекува да стапат на сила наскоро. Италијанската влада донесе закон со кои се бара вработените во приватниот и јавниот сектор да имаат сертификат за вакцинација, негативен тест или потврда дека ја прележале болеста за да може да одат на работа. Доколку ваквата одлука не се почитува работникот може да добие отказ од работното место, намалување на платата, или парична казна до 1.500 евра. Словенија донесе мерка со која само вакцинираните вработени во државната администрација ќе имаат право да одат на работа.

Andrea Çobanova

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button