ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

За граѓаните крпен живот, за ДУИ гала прослава и концерти

За граѓаните крпен живот, за ДУИ гала прослава и концерти

Во пресрет на најавената прослава за 20-годишнината од формирањето на партијата, од ДУИ не одговараат колку ќе ги чинат активностите и кој ќе плати. На социјалните мрежи кружат неофицијални информации дека ангажираните пејачи ќе добиваат хонорари од 4 илјади до 8 илјади евра, а двата концерта најавени за 3 и 4 јуни се шпекулира дека ДУИ ќе ја чинат околу 100 илјади евра. Алсат испрати конкретни прашања до седиштето на владејачката албанска партија и до нејзиниот организациски секретар, но сè уште не добивме одговор. Граѓаните од друга страна се револтирани поради ваквите скапи настани среде тешка економска криза и ги сметаат з провокација кон нив.

„Секој ден имаме случаи на функционери кои живеат во реалноста на Маркез, непостоечка реалност, а оваа тридневна прослава е само продолжение на секојдневната рутина на политичарите кои аздисуваат со наши пари… Во нашите општини имаме недостаток на хигиена, корпи кои чинат малку, а ги немаме, немаме паркови. Тие имаат зелената агенда, но само гледаме дека тие остана зелени, а зелена агенда никаде.“

„Тие пари требаше да им ги дадат на луѓето за подобар живот бидејќи во оваа криза нема живот.“

„Не е за поздравување… Гледајќи ги неволјите на граѓаните мислам дека тоа не е добро.“

Граѓаните со кои зборувавме велат дека покрај кризата и големите економски проблеми со кои се соочуваат, има многу ветувања кои ДУИ ги давала со децении, а не ги исполнила. Некои од нив се целосната употреба на албанскиот јазик, нема правична и адекватна застапеност на Албанците во институциите, не се изградени автопатите Скопје-Блаце, Кичево-Охрид и многу други ветувања меѓу кои и зелената агенда. А, додека ДУИ објавува видеа од мислења за својата политичка активност во изминатите 20 години, останува нејасно дали се подготвени од центарот за односи со јавноста на ДУИ или се произведени во институцијата на вицепремиерот. Алсат ќе ги бара сметките и авторството на материјалите поради транспарентност пред јавноста.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button