ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

За Мерко само парична казна за незаконското поставување директори во неколку училишта

Само на парична казна од 100 глоби по 100 евра или вкупно 10.000 евра, е осуден струшкиот градоначаник, Рамиз Мерко, откако Јавното обвинителство го  обвини за незаконско поставување директори во основните училишта во селата Радолишта, Подгорци и Лабуништа.

Advertisements

Пресудата ја донесе истиот судија, кој минатата недела Мерко го прогласи за невин, за набавката на луксузното Ауди А6 од 67 000 евра и уште три други автомобили со вкупна вредност од 114 000 евра, што предизвика остри рекации во стручната јавност..

„Сите оние работи, кои беа истакнати од одбраната, ситуацијата за која сите имаме разбирање, дека во секој сектор се соочуваме со проблеми , и дека работата морала да се реши, некој морало да земе плата, судот ќе ги цени не како основ за исклучување на одговорност, туку како олеснителна околност при одмерувањто на видот и висината на санкцијата. Тие олеснителни околности, земени во склоп со фактот дека досега обвинетиот не е осудуван, ова ќе му биде прва осуда, водат кон тоа судот да се одлучи за тоа наместо да утврди некоја казна од потешките, како што е казна затвор, да го осуди со парична казна“, рече судијата Јордан Јованов.

Сепак судијата Јованов во образложението на пресудата, се осврна и на пропустите направени во текот на именувањето на директорите. Рече дека лицата кои биле поставувани за директори не биле од редот на вработените, како што предвидува законот, дека не бил објавен јавен оглас, и дека немале работно искуство од најмалку 5 години и дека истите се бирани едно по друго иако така не стоело во законот.

„Како што видовме во текот на постапката од доказите се испостави дека никаде не е распишан конкурс, туку еден од сведоците кажа дека директно им пристапиле некои од членовите на одборот, обавиле разговор со нив, ги прашале дали сакаат да бидат директори и тие се согласиле. Видовме дека не е само едно училиште во прашање, туку дека се повеќе, повеќе в.д директори и повеќе пати, а едно лице дури 6 пати, едно по друго, без за тоа да има некое посебно одобрение, освен еден општ одговор од Министерство за образование, кое вели применете го законот кој пак предивудва прво да се примени законот за основно образование, и потоа да објавите конкурс“, вели Јованов.

Обвинителите најавија дека веднаш ќе ја обжалат пресудата бидејќи не се задоволни од истата.И одбраната на Мерко најавува жалба на судската одлука откако Мерко истата ќе ја прими изработена во писмена форма. Велат дека основите за жалбата се идентични со наводите во завршните зборови, а тоа е дека Рамиз Мерко не сторил кривично дело. На почетокот на јули продолжува судењето за незаконското поставување на директори во училиштето во селото Велешта, каде се води одвоен предмет, каде освен Мерко се обвинети уште 4 други лица, и каде е констатирано фалсиифување на документи, како и случајот до незаконското поставување директори во училиштето Браќа Миладиновци во Струга.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button