МАКЕДОНИЈА

За неносење маска вкупно се изречени 132.865 казни

Поради непочитување на мерките за заштита од пандемија, односно неносење маска, Министерството за внатрешни работи во текот на последните 24 часа изрече 370 казни. Анкетираните граѓани од Алсат велат дека ги почитуваат здравствените протоколи, носат маски, но според нив сè уште има неодговорни граѓани кои ги игнорираат задолжителните мерки.

Друг граѓанин вели дека носи маска за заштита, но смета дека отстапки се прават и за политичарите.

Потребно е, но некој со 10 илјади денари што го казнувате каде да ги најде, мене да ме казните јас со 10 илјади денари пензија каде да најдам пари. Функционерите не ги казнуваат а граѓаните да, тие во Собрание не носат маски камо ли јас.

И покрај повиците на здравствените власти, но и на МВР граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите усвоени од Владата со цел да се намали бројот на заразени, камерата на Алсат во текот на денот сними некои граѓани кои не ги почитуваат овие повици на надлежните органи. Министерството за внатрешни работи информира дека од денот кога маската станала задолжителна за неносење, изречени се 132.865 казни.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button