ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

За предлог-законот за попис пратениците не гласаа ниту денеска

И денеска Собранието не го усвои предлог-законот за попис на населението. Дебатата се фокусираше на барањата на опозицијата пописот да се откаже поради пандемијата. Според ВМРО-ДПМНЕ, пописот може да се одложи за една година.

Албанските партии си разменија обвинувања за кадрите кои ќе учествуваат во спроведувањето на пописот.

Илире Даути, АА

„Ако навистина сте загрижени за човечкиот капитал, добро е да им кажете на вашите колеги од ДУИ дека е време луѓето да се квалификуваат од партиски капацитет затоа што дојдовме до оваа ситуација како резултат на 18 години владеење.“

Арта Биљали, ДУИ

„Кого назначивте за член на ДИК и каков е вашиот семеен однос? Ајде добро да размислиме. Секој од нас е вреден, затоа попиши се и тргни ги негативните мисли и пречки за пописот.“

Пратеникот Павле Трајанов, поранешен министер за внатрешни работи, побара Заводот за статистика да обезбеди податоци за движењето на граѓаните на граничните премини за минатата година.

 

Министерот за правда истакна дека по усвојувањето на законот, пописот е задолжителен.

Според предлогот-законот, пописот на населението треба да се одржи од 1 до 21 април оваа пролет.

Adrian Kerimi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button