ВЕСТИРЕГИОН

За предлогот за бугарска влада најверојатно ќе се гласа в среда

За предлог-владата на партијата „Има таков народ“ можно е дa се гласа на редовната седница на Парламентот в среда, на 11 август, објави претседателката на Народното собрание на Бугарија, Ива Митева.

За Бугарското национално радио, таа рече дека парламентарните партии побарале дополнително време за да ја разгледаат нивната одлука. До гласањето во Националното собрание постои можност за измени во составот на предложената влада од страна на мандатарот Пламен Николов.

Претседателката на Парламентот истакна дека доколку владиниот кабинет на „Има таков народ“ не биде изгласан од пратениците, тогаш во Бугарија ќе треба да се закажат нови предвремени парламентарни избори.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button