ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

За’рѓаа лифтот и ескалаторите на плоштадот Скендербег во Скопје

За’рѓаа лифтот и ескалаторите на плоштадот Скендербег во Скопје

“Лифтовите и ескалаторите на плоштадот Скендербег не функционираат уште од изградбата. Во нив може да се забележи само фрлен смет. Во процес на оштетување е и горниот дел од плоштадот”, рапортира Мефаил Исмаили, новинар на Alsat.mk.

Граѓаните велат дека не е во ред да не се вложи во лифтови и нивната исправност.

“Ништо не работи овде. Сè е со ѓубре”, рече еден граѓанин.

“Има многу отпадоци. Плоштадот е добар, но одржувањето не е добро”, граѓанин.

“Колку што видов моментално не се функционални. Посакувам некогаш да ги користиме”, граѓанин.

“Не сме ги ни виделе. Сега дознав дека има лифтови”, граѓанин.

“Не сум забележал, ниту знам дека има лифтови”, граѓанин.

“Тоа што не се функционални воопшто не е во ред. Никогаш не сум се качила тука, не ми се допаѓа, дури и скалите таму позади никогаш не се чистат, смрди. Местото може да биде многу убаво особено за излегување навечер, но за жал воопшто не се одржува”, изјави еден граѓанин.

Покрај лифтовите, долго време не функционира ниту фонтаната. Од општина Чаир кусо ни одговорија дека наскоро сè ќе се средело.

„Поправката на фонтаната е во завршна фаза и таа ќе биде пуштена во употреба во текот на месец јули, а паралелно со тоа ќе се замени оштетената церада со нова. Лифтот и електричните скали имаат функционален систем и ќе бидат редовно сервисирани за да ги имаме функционални во текот на месец јули“, соопштија од Општина Чаир.

Плоштадот Скендербег беше отворен во септември 2017 година./Alsat.mk

Мефаил Ислами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button