ВЕСТИЕКОНОМИЈА

За шест месеци 200 милиони евра промет кај нас преку онлајн купување

Помалку од 10 пати во годината граѓаните од Македонија купуваат на интернет. Според овој податок земјава е на самото дно во Европа по обемот на Е-трговија. Но, за разлика од глобалните споредби, користењето на интернет алатките во земјава секоја година растат. Податоците велат дека секој втор корисник на интернет од Македонија купува „онлајн“.

Вредноста на нарачките во првите шест месеци годинава се движи по околу 50 евра, а најчесто се пазари од домашни е-продавници, а направен бил промет од близу 200 милиони евра. Од Асоцијацијата за Е-трговија велат дека нерегистрираните интернет трговци се најголемиот проблем на оваа дејност.

„Сивата економија и на глобално ниво, колку е тешка да се сузбие, толку е тешка и да се измери. Генералните бројки за целокупната сива економија во државата знаеме дека се доста загрижувачки, тука се вклучува и сивата економија на пазарот на труд и сивата економија во промет и во сите области. Тешко е да се измери во е-трговија“, рече Нина Ангеловска, претседателката на Асоцијацијата за е-трговија.

Дека интернет трговијата во Македонија е во подем потврда дава тоа што во првите шест месеци од годинава се отворени нови 110 онлајн продавници. Инаку, најголемиот дел од корисниците на Интернет кај нас или нешто над 80 отсто, времето го поминуваат на социјалните мрежи, а само 30 отсто користат електронско банкарство. Во Европската Унија е спротивно, сè помалку се користат Фејсбук, Инстаграм и другите социјални мрежи, а европејците повеќе се закачени на покорисни онлајн алатки.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button