РЕГИОН

За шест месеци во Албанија исчезнале 36 деца без придружба од Сирија и Иран

Центарот за правата на децата во Албанија јавно ја изрази својата загриженост по извештаите објавени на државната полиција дека само во последните шест месеци, 36 деца-странци, без придружба, исчезнале во непознат правец.

Алтин Хазизај, од Центарот за правата на децата во Албанија, вели дека децата без придружба се изложени на ризик од трговија за сексуални цели, ропство, па дури и трговија со органи, а за албанските власти обврска е нивната физичка безбедност, заштита и развој.

-Тоа се деца кои доаѓаат од земји како Сирија и Иран. Децата без придружба секогаш се изложени на ризик од трговија за сексуални цели, ропство или дури и трговија со органи итн. Тоа што се во Албанија, подразбира дека албанските власти се одговорни за нивната физичка безбедност, заштита и развој. Но, фактот што тие исчезнаа и не се знае каде се, покажува дека локалните власти и нивните соработници не успеале да ги заштитат животите и благосостојбата на овие деца, изјави тој, пенесува Топ чанел.

Додава дека Конвенцијата за правата на детето, во која Албанија е држава членка од 1992 година, бара државата да ги преземе сите мерки кои го гарантираат „правото на живот, опстанок и развој“ без каква било дискриминација за сите деца кои се на територијата на Република Албанија.

Исто така посочува дека „детето без родител или старател треба да му биде вратено што е можно поскоро“ и оти „враќањето во земјата на потекло се врши само доколку тоа е во најдобар интерес на детето“.

-Врз основа на горенаведеното, бараме од надлежните органи, МВР, државната полиција, Обвинителството во Тирана како и Министерството за здравство и социјална заштита, итно да го истражат исчезнувањето на 36-те деца и зошто децата без придружба, кои се под заштита на албанската држава, може да се изгубат или исчезнат и никој да не дава отчет за нив, вели Хазизај.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button