ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

За Таравари реакциите од ВЛЕН се непромислени

Арбен Таравари од Алијанса за Албанците ги нарекува реакциите на експонентите на ВЛЕН, дека „не можеш да бидеш и со ДУИ и со ВЛЕН“, како емотивни, полни со горчина и нервоза. Тој вели дека на ВЛЕН им оставиле можност да размислат дали сакаат соработка за локалните избори.

Advertisements

„Имаме оставено уште една можност на ВЛЕН, доколку се заинтересирани… Го гледам нивниот емотивен одговор. Верувам дека оваа фаза на емоции ќе помине за 6-7 дена. Ако не се подготвени, тогаш ќе ги разгледаме другите опции како партија за да излеземе што е можно поуспешно на локалните избори. Ги гледам реакциите – емотивни, многу горчливи. Ова зборува дека имаат нешто во потсвеста што ги тера да реагираат вака. Сега мислам дека се непромислени изјави“, рече Таравари.

За прашањето за нивното учество во Владата по разделбата од ВРЕДИ, Таравари нагласува дека тие ќе бидат дел од извршната власт додека премиерот Христијан Мицкоски не каже спротивно.
„Владата ја формира премиерот. Јас разговарав со премиерот и повторно ќе разговараме. Доколку тој процени дека Алијанса за Албанците не треба да биде во Владата, ние немаме никаков проблем. Сепак, мислам дека Алијанса за Албанците моментално треба да остане, но доколку се донесе таква одлука, ние немаме никаков проблем. Никој друг не може да донесе таква одлука освен оној што ја формира Владата. Со него ќе се видиме, ќе се слушнеме, сме во комуникација“, рече Таравари.

Турбуленциите започнаа кога Алијанса на последната седница на раководството реши да излезе на локалните избори со сопствени листи за советници, наместо заеднички кандидати со партнерите од ВЛЕН. По ова, ВЛЕН истакнаа дека тоа значи самоисклучување од коалицијата, а и ВЛЕН и ЗНАМ бараат Таравари да замине од Владата.

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button