За ВРЕДИ оставката на Даути е слабост

Оставката на Илире Даути од функцијата претседател на комисијата, за коалицијата ВРЕДИ е слабост. Тие велат дека сега ќе мора да се борат сами за комисијата за да го блокираат законот за Бранители.
„Денеска претседателката на комисијата заедно со Европскиот фронт, прифаќајќи ја оставката, зажалија што помогнале да се блокира законот за бранителите“, рече Имерлије Салиу– ВРЕДИ.
За Европскиот фронт, целиот денешен настан беше непотребен театар од страна на претседателот на Собранието Африм Гаши. Европскиот фронт сè уште не одлучил кој ќе ја замени Даути, или можеби повторно ќе ја предложат нејзе.
„Мислам дека многу скоро, можеби и денес, ние како ЕФ ќе имаме одговори за нашиот став по ова прашање“, рече Елми Азири – Европски фронт.
Прашање: Дали сѐ уште е во игра Илире Даути?
„Сè е во игра, но без официјална одлука мислам дека не е коректно да се толкуваат можните алтернативи“, додава Азири.
Ако тоа се случи, Левица предупредува дека повторно ќе покрене интерпелација.
Оставката на Даути доаѓа откако пратениците во петокот гласаа за интерпелација и заклучок против неа. Интерпелацијата беше покрената од Левица.
Зекирија Хаџиу