ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Забрана за тешки товарни возила на Стража

Од утрово од 08:30 часот воведена е забрана за движење за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар-Кичево, преку планинскиот премин Стража.

Од Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта информираат дека забраната е воведена поради обилни врнежи од снег.

Од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ) информираат дека сообраќајот на патиштата се одвива непречено во зимски услови, по наместа влажни коловози.

„Врнежи од снег со послаб интензитет се бележат во Тетово и на Попова Шапка, а во Гостивар и на планинските превои Стража и Пресека врнежите се од дожд и снег“, информираат од АМСМ.

Оттаму на возачите им препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button