ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Забранет називот Цар Борис III за бугарското здружение во Охрид

Комисијата за употреба на имиња на личности даде негативно мислење за употреба на името Цар Борис Трети во називот на Здружението за афирмација на културните вредности на македонските бугари. Комисијата смета дека евентуалното именување на здружението со таков назив предизвикува тензии и нетолеранција во целото македонско општество. Царот бил одговорен за злосторства извршени за време на бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна, со посебно нагласување на неговата соработка и сојузништво со Третиот рајх и нагласената антисемитска политика и депортацијата на Евреите од Македонија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button