ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Заев: Балканот веќе не е буре барут, Балканот е балкан на 21 век

Балканот веќе не е буре барут, Балканот не е темпирана бомба. Балканот е балкан на 21 век, ние денес и билатерално тоа го потврдивме со Р.Косово, сите наши министри, ние како премиери. Јас сум уверен дека во иднина дијалогот, дипломатијата добрата мисла, пријателството, подадената рака се иднината на европскиот дел на Балканот. Нашето место е заслужено да биде таму, како членки на ЕУ, изјави премиерот на Република Северна Македонија Зоран Заев, на заедничката прес конференција со премиерот на Република Косово, Албин Курти.

„По прашањето на Отворен Балкан еве како премиери имаме различен став, ама тоа не ни е пречка да одлично соработуваме затоа што должност ни е да им служиме на нашите граѓаните, на економијата, на коморите, на институциите и тоа токму го правиме. За мене е историски денот денес, на оваа прва меѓувладина конференција на 30 години независност на Р.Северна Македонија и 13 години независност на Косово. Јас само ќе кажам дека Косово е суверена и независна држава, ги гради своите ставови и ги почитуваме тие ставови. Како човек ќе кажам дека сум познат по постигнување на договори, доказ за тоа се и договорот со Бугарија и Преспанскиот договор“, изјави Зоран Заев, додавајќи дека Балканот треба да има дијалог, треба да има разговори, да постигнува договори.

„Како што рече и премиерот Курти на тој начин повеќе ќе се европеизираме, ќе ја унапредиме регионалната соработка и ќе го засилиме нашиот пат кон ЕУ. Целиот Западен Балкан, сите 6 земји немаат друга алтернатива освен членството во ЕУ. Секое билатерално, мултилатерално договорање овде во регионот е апсолутно заради побрза, поефикасна иднина во ЕУ на сите наши земји. Нашата земја покажа храбри чекори заради постигнување на таа цел а тоа е полноправно члентсво во ЕУ. Ја постигнавме втората стратешка цел, НАТО. Во едни такви околности мислиме дека ако регионот повеќе соработува и Западна Европа и северна Европа и останатиот дел од Европа уште повеќе ќе почитува“, рече Заев.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button