ЕКОНОМИЈА

Заев: Без продажба на земјиштето нема развој на земјоделството

Без продажба на државно земјоделско земјиште нема да има развој на оваа стопанска гранка. Ова е ставот на премиерот Зоран Заев за законското решение кое се наоѓа на Електронскиот регистар на прописи, а за кое веќе е најавена блокада од ВМРО ДПМНЕ. Според него, сите забелешки и предлози ќе бидат разгледани. Првичната верзија на Законот предвидува парцелите да се продаваат на јавен оглас, а на лицитацијата почетната цена ќе се движи од 20 до 60 денари од зависност од класата на земјиштето. Владата планира да стави 50 илјади хектари државно земјоделско земјиште на продажба.

„Земјиштето нема да го носи никој ниту во Австралија, ниту во Америка, ниту во Европа. Тоа е тука. Прашањето е дали ќе биде ресурс за развој или не. Нека има дебата, но дефинитивно имаме силни аргументи. Ако сакаме да растеме во бруто земјоделското производство, во смисла на максимилизација и компетитивност, неопходно е земјоделското земјиште да биде дадено во сопственост на инвеститорите“, рече премиерот Заев.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button