МАКЕДОНИЈА

Заев: Бојкотот на пописот нема да ѝ донесе ништо добро на државата

Бојкотот на пописот на кој повикува и го најавува опозицијата е најлошата одлука што може да ја донесе било кој политички субјект. Тоа може да донесе штета за државата, конфузија кај граѓаните. Таквиот став е свесно туркање на земјата во провалија и закана дека ќе останеме црна дупка во светот како изолирана земја која што не поседува податоци за да може да ги испланира следните 5, 10, 50 или 100 години од сопствената иднина, порача денеска премиерот Зоран Заев.

Без разлика, рече Заев,  дали е лажно спакуван како повик за неучество или повик за минирање на најважната статистичка операција за земјата, е неодговорно однесување и отсуство на елементарна свест дека со неспроведувањето на пописот стануваме единствена земја којашто нема да може да планира каков било развој од економски, образовен, културен аспект.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button