ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Заев: Бришење на „бугарски“ пред терминот „фашистички окупатор“

Соработка во сите области, но и бришење на називот „бугарски“ пред терминот фашистички окупатор од спомениците во земјава се дел од конкретните и правосилни одлуки и решенија кои бугарскиот претседател Румен Радев ги бара од македонската страна за деблокада на преговорите, рече денеска премиерот Зоран Заев во одговор на новинарско прашање.

„Ќе треба да има дипломатска нота во којашто ќе се опишува дека краткото име е исто со долгото име, односно Северна Македонија е исто со Република Северна Македонија и нема територијални претензии. Дека не се мешаме во внатрешните работи, вклучително и за малцинските права….голем дел од спомениците, коишто ги има и во Бугарија и во Република Северна Македонија треба да бидат во пријателски дух, така што не смее фашизмот да има етничка димензија. Во голем дел од спомениците кај нас тоа е направено, каде што иа бугарски фашистички окупатор тоа е избришано, стои само фашистички окупатор, затоа што не можете нација да обвините за тоа“, рече Заев.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button