ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Заев чека поддршка од коалициските партнери во вториот круг од изборите

Премиерот Зоран Заев вели дека нема проблем партнерите од владејачката коалиција да излезат со одделни кандидати на локалните избори. Иако СДСМ најави соработка со блокот од мнозинството, тоа нема да се случи во првиот круг на гласањето на 17 октомври.

СДСМ

„Апсолутно немаме намера да се конфронтираме бидејќи тоа е убавината на демократијата. Благодарение на слободата луѓето можат да најдат храброст да излезат со свои кандидатури. Се разбира, од сите оние кои нема да ја имаат честа да одат во вториот круг, очекуваме поддршка за нашите кандидати.“

Демократската обнова на Македонија и Либерално-демократската партија, партнери на власта, ја промовираа кандидатурата на Бени Шаќири за градоначалник на Скопје, за каде СДСМ го потврди Петре Шилегов за втор мандат. Во меѓувреме, во Тетово, владејачките СДСМ, ДУИ, БЕСА и ДПА ќе се натпреваруваат со четворица кандидати. Според ВМРО-ДПМНЕ, станува збор за раздор, кој зборува за внатрешно незадоволство што ќе донесе пораз за власта. Опозициската партија ги потврди кандидатурите за најголемите општини, вклучувајќи го и Куманово, како и поддршката за независната кандидатка Данела Арсовска за Град Скопје.

ВМРО-ДПМНЕ

„Секој ден Заев го напуштаат сè повеќе коалициони партнери и поддржувачи. Последната кандидатура на Бени Шаќири, како кандидат на ЛДП и ДОМ е уште еден доказ дека сите бегаат од Заев. Затоа, како кандидати тој нуди потрошени кадри кои ја докажале својата неспособност или луѓе блиски до мафијата, како во случајот со членот на семејството на Оливер Спасовски за Куманово или деловниот партнер на Вице Заев за Битола.“

Опозицијата верува дека предизборната соработка меѓу ВМРО-ДПМНЕ, Алијансата за Албанците и Алтернатива, ќе биде успешна. Политичките партии имаат рок до 11 септември да ги затворат кандидатурите со кои ќе учествуваат на изборите. Во многу општини се очекува да има и втор круг кој ќе се одржи на 31 октомври. Изборната кампања почнува на 27 септември.

Fatlume Dervishi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button