ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Заев е непријатно изненаден од ветото на Бугарија

Потегот на Софија да го блокира донесувањето на преговарачката рамка за одржување на првата меѓувладина конференција меѓу Брисел и Скопје е непријатно изненадување, вели премиерот Зоран Заев во интервју за АФП. Според Заев, блокадата на Бугарија е спротивна на вредностите на Унијата и предизвикало многу горчина, но повторува дека секое прашање за македонскиот идентитет е црвена линија.

Тоа е прашање на самоопределување, што е во срцето на европскиот проект. Постои апсурдност на целиот проблем. И сега, кога Европа требаше да ги покаже своите европски вредности, тие не го направија тоа“-изјави Зоран Заев, премиер.

За ВМРО ДПМНЕ, главен виновник за ветото од Бугарија е токму Заев, кој како што велат, дома ветувал датум, а ним им ветувал историја, народ и малцинство, дефинирано од бугарската држава. Од опозицијата прашуваат дали освен националните интереси на државата, се ветувани и бизнис зделки.

Дали е точно дека Заев ветувал на одредени луѓе, дека на патот кон ЕУ, како дел од цената за обезбедување поддршка од бугарската влада ќе биде и директна продажба на одредени државни удели во државни институции коишто ги поседува Република Македонија и владата,  кои треба да преминат во капитал на бугарски бизнисмени, удели за кои и најавија продажба од самата Влада на Заев? Тука би ги потенцирал делот кој го поседува Владата во Телеком, железничкиот транспорт, ТЕЦ Неготино, Македонски пошти и уште неколку приватни компании?- рече Димче Арсовски – портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку, претседателот на државата, Стево Пендаровски вчера изјави дека со политиката на негирање на македонскиот народ и јазик, Бугарија покажува дека не може да излезе од времето на Тодор Живков, кој е основоположник на позициите дека не постои македонски народ и јазик.

„Нивото продолжува да ви паѓа“. Вака ми одговори бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, изјави Пендаровски, велејќи дека Делчев, Груев, Прличев и сите други преродбеници се идентификуваа како Бугари затоа што ги следеа упатствата на Живков.

АЛСАТ

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button