ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Заев ги собра министрите на состанок, се разговара за извештајот на УНЕСКО

Премиерот Зоран Заев денеска заедно со вицепремиерот Фатмир Битиќи ги повика на состанок министрите за култура, Ирена Стефоска, за животна средина Насер Нуредини, за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Македонски железници, Хари Локвенец со цел да ги анализираат наодите од алармантниот нацрт- извештај што УНЕСКО го испрати до надлежните институции за сосотјбата во која се наоѓа Охридскиот Регион.

Како што информира владината прес-служба Заев потенцирал на состанокот дека определба на Владата е да се зачува статусот на Светско наследство на Охридскиот Регион, имајќи ги предвид реалните ризиците и можноста ова природно и културно наследство да биде прогласено за загрозено подрачје. Тој рекол дека целта е заштита на регионот како и владеење на правото и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.

На состанокот било нагласено дека Владата ќе преземе сѐ што е во нејзина надлежност, како и активности за координација со Владата на Албанија за прашања од заеднички интерес за заштита на Охридското езеро и крајбрежниот појас.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button