МАКЕДОНИЈА

Заев и Брнс се поклонија пред споменикот на петмина американски пилоти

Амбасадорката на САД во земјава, Кејт Брнз и премиерот Зоран Заев денеска во тетовското село Вратница се поклонија пред споменикот подигнат во чест на петмина американски пилоти, чиј авион во 1944 година бил соборен на ова место од окупаторските сили на територијата на тогашната Македонија. Жителите на селото Вратница тогаш успеале да спасат тројца членови на екипажот. Премиерот Зоран Заев кажа дека спасувачката акција на локалното население е скапоцен настан. И Амбасадорката Брнз, се осврна на хуманиот гест кој пред многу години го направиле жителите на ова место и нагласи дека соработката меѓу двете земји продолжува.

„Застанати на страната на Сојузот на прогресивните антифашистички сили, не само што ставија крај на крвавата светска војна на бојните полиња, туку му ставија крај и на погромот на фашизмот заради кој беа погубени милиони недолжни цивили и луѓе во логорите на смртта. Сеќавањето и чествувањето на настанот од 1944 година во Вратница и поменот на петмина пилоти веќе е прифатен како еден од најсимболичните моменти од нашата заедничка соработка со САД“, рече Заев.

„Заедно ќе ги обновиме нашите економии, ќе ги заживееме нашите партнерства и ќе научиме од трагедијата, исто како што ги искористивме ужасите од Втората светска војна за да изградиме нов поредок од урнатините на Европа. Овој поредок служи како камен-темелник на стабилноста и просперитетот за овој континент, кој останува стабилен партнер за Соединетите држави. Што е најважно, се заснова на единство, соработка и взаемна доверба“, рече амбасадорката Брнз.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button