МАКЕДОНИЈА

Заев: Вметнување на Бугарите во Уставот пред пристапување во ЕУ

Уставот се отвора кога се пристапува кон ЕУ, изјави премиерот Зоран Заев одговарајќи на прашање дали Бугарите ќе бидат вметнати во нашиот Устав.

„Уште пред неколку години се отвори ваква дебата на барање на Хрватите во државата, но и на Црногорците. Го следиме примерот на сите европски земји, ја кажувам една Хрватска, на моментот на пристапување кон ЕУ се отвора Уставот, затоа што мора да се смени заради сојузништвото и заедничкиот дел со земјите-членки на ЕУ. И тогаш се вградуваат и помалку бројните етнички заедници кои живеат во нашата држава, а не се вградени. Ние немаме никакви предрасуди, ако некој бара утре тоа да го направиме и да сакаме не можеме, две третини немаме, ниту треба, но јавно го кажуваме затоа што и Бугарите и Хрватите и Црногорците и Египќаните и многу други етнички заедници, ќе бидат вградени во нашиот Устав во очи на пристапувањето за членство во ЕУ“, кажа Заев.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button