ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Заев ја смета селефиската заедница за проблем, албанската опозиција смета – таа е дело на државата

И дел од политичките претставници реагираа на формирањето на Селефиската исламска заедница. Според премиерот Заев станува збор за заедница којашто е проблем за безбедноста на државата. Заев наведе дека реакцијата на ИВЗ е основана и е причина плус државата да постапи по ова прашање.

Но, од коалицијата Алијанса за Албанците – Алтернатива велат дека самата држава има своја рака во формирањето на новата исламска заедница.

„За нас тоа не е само напад врз Исламската заедница, туку е и напад врз соживотот во земјата бидејќи сметаме дека ова е творба на владините институции за да направат поделби во муслиманското мнозинство во овој случај, но во исто време и за да се дефокусира вниманието на јавноста од вистинските проблеми. Сметаме дека интегритетот и единството на Исламската заедница се неприкосновени и овие институции треба оваа нивна творба што побрзо да ја отстранат од регистарот“, вели Скендер Реџепи, АА-ААА.

Од ВМРО-ДПМНЕ сè уште немаат став.
За новата исламска заедница сè уште нема став ниту од ДУИ.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button