ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Заев: „Легализација на дивоградби или ќе уриваме 50.000 домови!“

Околу 50 илјади домови ќе бидат веднаш урнати доколку не се донесе новиот Закон за легализација на дивоградбите. Вака премиерот Зоран Заев го брани Законот откако вчера претседателот Стево Пендаровски не го потпиша Указот со образложение дека законското решение е спротивно на Уставот. Според Заев, законот ќе се врати во собраниска процедура и ќе бидат земени во предвид забелешките од претседателот и јавноста.

Можеме денеска да донесеме, еве дослухот на јавноста сте вие новинарите и медиумските работници и да кажеме стоп на легализацијата нема дилема, но тоа значи од утре градоначалниците, транспорт и врски да рушат. Мора да срушат 50 илјади домови, таа е одлука пред којашто сум исправен јас градоначалниците сите. Ќе ги срушиме овие 50 илјади домови или ќе дадеме можност да ги легализираат со тоа што овој пат викаме 50 посто ќе платат сите коишто не се под прагот на сиромаштијата – изјави Зоран Заев, Премиер.

Заев тврди – ова ќе бил последен ваков закон за легализација на дивоградби. Инаку, според вратеното законско решение, ќе се ослободат од кривично гонење сите кои граделе на диво. ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ пред два дена до 72 гласа ЗА дадоа зелено светло за легализацијата. Законот не доби целосна поддршка од Алијанса за Албанците, Алтернатива, Левица, како и од неколкумина од ВМРО. Од албанската опозиција го поздравија вчерашното одбивање на Пендаровски да го потпише указот.

Сега треба да почне следнава постапка: Законот ќе се врати во Собранието на трето читање. Но, за да помине, овој пат ќе му треба поддршка од две третини од пратениците, по што претседателот ќе биде должен да го потпише. Законот предвидува легализација на дивоградби изградени до денот на стапување во сила на овој закон, нема рок на важење, односно ќе важи до правосилно завршување на постапките кои се почнати согласно законот. Од овој закон се исклучени само дивоградбите во најтесните граници на Охридскиот регион во кој се наоѓа природното и културното наследство запишано во Списокот на УНЕСКО.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button