ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Заев – Мицотакис: Договорот од Преспа донесе решенија кои значат пријателство, прогрес и економија

Договорот од Преспа донесе решенија кои значат пријателство, прогрес и економија, заклучија премиерот Зоран Заев со грчкиот колега Киријакос Мицотакис на средбата во Владата во Атина.
Како што соопшти владината рес-служба, на средбата на која присуствуваа и вицепремиерите за европски и за економски прашања, Никола Димитров и Фатмир Битиќи, премиерите на двете земји констатираа напредок во досегашното спроведување на обврските од Договорот од Преспа од двете страни и изразија посветеност за целосна и непречена натамошна имплементација.

Во однос на евроитеграциите на Северна Македонија премиерот Мицотакис, се наведува, порача до премиерот Заев дека Грција секогаш ќе биде сојузник на кој граѓаните на Република Северна Македонија можат да сметаат.

Заедничка беше констатацијата на премиерите дека Северна Македонија не може и не смее да чека понатаму на европскиот пат и дека претпристапните преговори со ЕУ треба да почнат час поскоро.

Земјата покажа дека има сериозен капацитет да склучува и исполнува договори за пријателство, заклучија Мицотакис и Заев.

Дополнително на средбата беше подвлечено дека не е опција да се раздвојуваат Северна Македонија и Албанија од аспект на почнување на процесот на преговори со ЕУ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button