ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Заев: Моите чувства се повредени, очекував извинување од Божиновски

Кога ќе се поминат границите неколкупати да сте келеветени, да сте навредувани, пред се на лични чувства, а после тоа дури и на политичката  функција која што ја извршувате еден ден треба да кажете стоп и да поднесете тужби, само така можеме во државата да одмериме до каде е дозволиво газењето на чувствата на граѓаните, вклучително и на мене како претседател на Владата, изјави денеска премиерот Зоран Заев пред Граѓанскиот суд по рочиште со новинарот Зоран Божиновски.

„Кога ќе поминат нормалните граници кога ќе бидат повредени чувствата, кога сте исклеветени, кога сте навредени, кога вашите деца се исправени да ве прашат зошто некој ве кажува дека сте дел од рекет акција, дека сте од криминална група, дека правите штета во милионски суми на државата, или слично, ги поминува границите“, заклучи Заев.

Тој нагласи дека неговите очекувања биле денеска да добие извинување, меѓутоа не го добил, па поради тоа ќе оставел судот да одлучи понатаму.

Заев го тужи Божиновски за клевета, по објавен фејсбук статус во кој новинарот открива наводен рекет од 60 милиона евра кој го зеле премиерот и тогашниот вицепремиер Кочо Анѓушев.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button