ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Заев на средба со инспекторите од ДПИ пред одлуката за разрешување на Пауновски

Премиерот Зоран Заев денеска треба да има средба со инспекторите од Државниот пазарен инспекторат во врска со нивната петиција против разрешувањето на директорот на ДПИ Стојко Пауновски.

Средбата, како што најави Заев, ќе биде пред одржувањето на седницата на Владата на која ќе се одлучува за разрешување на Пауновски, откако тој не ја спроведе владината одлука за ангажирање вработени според К 5 програмата, согласно со Рамковниот договор, а кои треба да бидат распоредени на работни позиции.

Според Заев,  Пауновски бил писмено известен за сите детали и информации во врска со оправданоста и начинот на распределбата и за тоа дека не ја почитува законската обврска за преземање на дел од нераспоредените административни службеници.  Вели дека нема никакви предрасуди во постапувањето и оти ќе ги слушнат сите аргументи, вклучително и на вработените во ДПИ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button