ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Заев не сака да го коментира барањето за помилување на Сеад Кочан

Премиерот Зоран Заев не сака да го коментира барањето за помилување на Сеад Кочан. Бизнисменот по две години и два месеца, одлучи со молба до Министерството за правда да побара помилување или скратување на висината на затворската казна, која вкупно му изнесува четири години и осум месеци.

„Не би можел да дадам коментар за помилувањето. Тоа е надлежност на претседателот на државата“, рече Заев.

Алсат веќе објави дека Сеад Кочан испратил молба за помилување до Министерството на правда. Мислење од министерството сè уште нема. Комисија од таму треба допрва да го разгледа барањето. Ќе треба да увиди какво затворско поведение имал Кочан зад решетките, колку време поминал вкупно во Идризово и потоа барањето да го препрати до кабинетот на претседателот Стево Пендаровски. И таму молбата на Кочан заедно со мислењето од правда ќе го разгледува комисија за помилување. Ова тело во рамки на претседателскиот кабиент е составено од државниот правобранител и државниот обвинител, адвокат, професори, доктори, пензионирани судии.

Комисија за помилување:

Фехми Стафа, државен правобранител
Љубомир Јовевски, државен обвинител
Љубомир Михајловски, адвокат
Темелко Ристевски, правник
Ерол Рушид, доктор
Зора Митиќ, доктор
Божин Аврамовски, судија во пензија
Сафет Алиу, поранешен судија во Врховен суд
Уранија Пировска, Хелсиншки комитет
Билјана Петковска, Македонски институт за медиуми

Комисијата со мнозинство гласови носи одлука и заедно со предлогот на министерстерот за правда ги доставува до шефот на државата кој носи конечна одлука. Инаку Сеад Кочан е зад решетки од први август 2019 – та година. Осуден е оти формирал лажен конзорциум за да биде конкурентен и да добие тендер за ископ на јаловина во РЕК Битола, вреден 17 милиони евра.

Бојан Стојановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button