ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Заев очекува крик на пријателство од Бугарија

Со позитивни одлуки градиме пријателство, а со негативни горчина, рече премиерот Зоран Заев запрашан за коментар по најновата изјава на шефицата на бугарската дипломатија, Екатерина Захариева, која во денешното гостување во бугарската телевизија БТВ порача дека Бугарија вели – „не за почеток на преговорите, но не и за членство на земјава во ЕУ“.

Заев додаде дека двата народа не треба никој да ги оддалечува и оти мнозинството граѓани во Бугарија не се согласни со ставовите на официјална Софија во врска со ветото кон Македонија.

„Јас сум подготвен и го подготвив македонскиот народ за евентуална блокада и тоа е прилично извесно. Во проценти повеќе е тоа извесно отколку позитивен одговор,…но, сепак, никогаш не ја губам надежта затоа што одговорноста на политичарите е голема. Иако е ГАК на 17, има време, до декември. До крајот на декември е можноста за првата меѓувладина конференција. Очекувам крик на пријателство од бугарската страна“, рече Заев.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button