ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Заев: Пендаровски е наш коректив, да учиме од неговите критики

Претседателот на државата Стево Пендаровски одлично ја врши својата функција. Тој е наш коректив и неговите критики секогаш ги сфаќам најдобронамерно, рече денеска премиерот Зоран Заев, во врска со последното интервју на шефот на државата во кое, меѓу другото, зборува и за трагедијата во Тетово.

-Не си дозволувам длабински анализи на интервјуа на претседател на државата. Неговата фунција е да биде коректив. Тоа што тој го соопштува го чувствувам најдобронамерно. Да учиме од слабостите и да се усовршуваме. Тој е претседател на сите граѓани, ја врши одлично својата функција и е наш коректив, на политичарите. Нема да ни падне круната од глава ако испрати критики, напроитив, од критиките треба да учиме, истакна Заев.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button