ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Заев повторно иронизира – сведоци требало за на свадба, а не за државјанство

Премиерот Зоран Заев продолжува да го иронизира нацрт-законот за државјанство поднесен од опозициската коалиција Алијанса за Албанците и Алтернатива. Според Заев, со тројца сведоци може да се оди на женачка, но не и да се добие државјанство. Премиерот вели дека за предлогот на опозицијата вреди да се расправа, но условите треба да се темелат на докази, а не на сведоци.

Албанската опозиција вели дека околу условот за тројца сведоци може да се најде консензус преку конструктивни амандмани. Претседателот на Алијансата, Зијадин Села, изјавите на Заев ги смета за скандалозни.

„Ова се скандалозни изјави, како и ставот на Владата во познатиот документ, чиј став за жал ве тера да заклучите дека Македонија и понатаму функционира со истата логика со потиснување на правата на една третина од автохтоното албанско население. Со ова логика функционира и Зоран Заев“, рече Зијадин Села, претседател на АА.

По најавите на албанската опозиција дека ако законот не се процесира, ќе ја блокираат работата на Собранието, претседателот на Комисијата за одбрана и безбедност, Миле Талевски, свика седница за во петок. Албанската опозиција не ја исклучува можноста предлогот да биде блокиран за време на разгледувањето во Комисијата од членовите кои го сочинуваат мнозинството. Паралелно со предлог-законот за државјанство од опозицијата, Министерството за внатрешни работи, откако го отфрли тој предлог, предложи свој предлог-закон за државјанство, но засега нема ништо конкретно за него.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button