ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Заев „распали“ за идентитетот, за Втората светска војна, за јазиците, за ВМРО-ДПМНЕ

Премиерот Заев вели дека Бугарија не го оспорува правото на Македонците за самоопределување и оптимист е дека спорот ќе се реши со мудро разјаснување на заедничката историја. Во интервју за БГНЕС, каде Заев повремено користеше и бугарски зборови, рече дека и во двете земји има региони каде што јазикот е ист.

Заев дури рече дека е време да се зборува за историските факти, во духот на доброто пријателство, кое според Заев, во земјава има поголем приоритет отколку интеграцијата во ЕУ.

Ставот на претседателот Пендаровски околу спорот Заев пред бугарскиот новинар го оправда како невнимание, а оној на опозицијата како лабилност. Во меѓувреме, министерот Османи не даде детали за документите што ги размениле Скопје и Софија.

Во врска со територијалните претензии, малцинските прашања, работата на комисијата за историја, учебниците, говорот на омраза, економската размена.    Се обидуваме овие да ги формулираме како прифатливи идеи што се разменуваат меѓу двете страни, за да се изгради доверба.

Дали ги испративте документите или понудата до Софија?
Разменивме идеи во писмена форма, обете земји.
Дали одговоривте на бугарската понуда или дали вие дадовте понуда?
Двете земји испратија идеи во писмена форма.

Anesa Salihu

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button