ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Заев: Црвенковски може да биде само СДСМ

Премиерот Зоран Заев не верува дека поранешниот лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски, би можелo да формира новa политичкa партија за настап на локалните избори во октомври.

„Овие денови темата е присутна во јавноста, а никој не прашува дали е точно. Бранко Црвенсковски не може да биде ништо друго освен СДСМ. Тоа не е точно, но дефинитивно него треба да го прашате. Тој е еден од основачите и бил премиер и претседател на државата и е наш општественик. Шпекулациите се присутни поради новата листа во Охрид од наши докажани социјалдемократи. СДСМ покажа сериозно единство и за време на опозиција и за време на власта“, рече Заев.

Потсетуваме дека екс лидерот на СДСМ, Црвенковски, 20 години беше на чело на оваа партија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button