МАКЕДОНИЈА

Заев во Атина: Проблемот со Бугарија, смешен

Премиерот Зоран Заев при неговото учество на економскиот форум „Делфи“ во Атина, побара помош од Грција за да се најде решение за проблемите со Бугарија. Според Заев, прашањето го измислила Бугарија. „Не ни можам ниту да ви објаснам што е проблемот сега, бидејќи проблемот е смешен и непостоечки“, изјави Заев. Тој сепак изразил оптимизам за разговорите со Софија, објаснувајќи дека процесот е забавен поради изборите во Бугарија. Во исто време, алтернативниот министер за надворешни работи на Грција Милитиадис Варвициотис соопшти дека Атина не се согласува со евентуално одвојување на Скопје и Тирана на патот кон ЕУ. Според него, со приклучувањето на Албанија и Македонија во ЕУ, сите копнени граници на Грција конечно ќе бидат кон држави-членки на Унијата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button