ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Заев за преговорите со Бугарија: Ништо не криеме!

ВМРО: Заев ги урива позициите на државата

Премиерот Зоран Заев денеска повторно им порача на граѓаните да бидат спокојни. Тврди дека македонскиот јазик и идентитет не биле на преговарачка маса со Бугарија. Заев ја повика на сериозност опозицијата по нејзините прозивки дека власта води тајни преговори со Софија и оти се спрема да ја прифати Декларацијата на бугарскиот Парламент, на штета на национaлните интереси.

„Ништо не криеме, ни па нешто поразлично се разговара или преговара. На маса е португалскиот предлог. Ние рековме дека за нас е добра основа на која може да се најде решението… Еве го 22-ри, ќе се знае што е разговарано, тоа е за 18 дена од денеска…“, изјави Зоран Заев, премиер.

Заев вели дека и македонското и бугарското МНР работат на содржината на патоказот за исполнување на обврските од Договорот за добрососедство од 2017-ттата. Но, од ВМРО-ДПМНЕ и денеска продолжија со обвинувањата дека на Заев не може да му се верува.

„Зоран Заев прво кажа дека Бугарија го отфрлила португалскиот предлог, а сега дека истиот е на маса… Заев ги урна сите позиции на државата. Кога тој преговара со Бугарија, Македонија трга од минус и знаеме дека Заев би потпишал сè, само се плаши од народот и затоа дава различни изјави во различни периоди“, изјавуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку, власта во Скопје оцени дека португалскиот предлог е добра основа за решение, но Софија не мисли така и инсистира на јасни гаранции дека Македонија ќе ги исполни сите обврски од билатералниот договор. На 22 јуни треба да се одржи Советот за општи работи на ЕУ, но нема јасни сигнали за брзо одобрување на преговарачката рамка од страна на Софија.

АЛСАТ

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button