ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Заев: Законот за лични карти во духот на Договорот од Преспа

Претседателот вреди да се слуша, но законот мора да се донесе затоа што е даден збор. Вака премиерот Зоран Заев одговари на забелешките на претседателот Стево Пендаровски за етничката припадност во личните карти, кој изјави дека тој лично е против овој предлог. Заев вели дека предлогот е во духот на Договорот од Преспа, отфрлајќи ги наводите дека етничката припадност го брише националниот концепт на државата. Дали може граѓаните да не ја изјаснат својата етничка припадност? Заев вели дека ова треба да го одговорат експертите.

ВМРО-ДПМНЕ и денес ја обвини Левица за блокирање на законот во служба на СДСМ. Лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, бара од премиерот Зоран Заев да го предложи законот со ѕвездата на ЕУ.

Левица смета дека станува збор за законска дивоградба и затоа се спротивставуваат. Собранието сè уште технички ги разработува амандманите. Поради големиот број амандмани, се дознава дека Комисијата за политички систем врз основа на Деловникот за работа на Собранието, дискусијата за амандманите ќе ја отвори врз основа на предлози за еден член, што значи дека амандманите се разгледуваат врз основа на член а не еден по еден.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button