ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Загаден воздух во Тетово и Струмица

Мерните станици и денеска покажуваат високо ниво на загаденост на воздухот во многу општини во државата. Министерството за животна средина соопшти дека нивотО на штетни честички ПМ10 и ПМ 2,5 го надминале дозволениот праг во Тетово и Струмица, а загрижувачко ниво на загаденост имаат и најголем дел од општините во Скопје, Кавадарци, Куманово, Велес и Кичево. . Граѓанскиот сектор бара државата да даде приоритет на решавање на проблемот со загадениот воздух.

Министерот за екологија Насер Нуредини во интервју за државната новинска агенција изјави дека се додека не се смени начинот на греење нема да има долгорочно решение за аерозагадувањето.

„Во однос на загадувањето на воздухот го донесовме дополнителниот закон за квалитет на воздухот по што ги дефиниравме мерките за локалната самоуправа кои мора да ги преземеме во случај на големо загадување. Сепак, верувам дека на сите ни е јасно дека додека не го промениме начинот на греење на јавните и приватните згради и домаќинствата, се надеваме дека ќе го постигнеме тоа со изградба на гасоводната мрежа и со поддршка на инвестициите во енергетска ефикасност од централната и локалната власт, нема да имаме долгорочно решение за овој проблем“.

Според извештајот на ЕК за земјава, во текот на следната година Северна Македонија треба да ја подобри меѓусекторската координација и да ги зголеми финансиските ресурси за намалување на загадувањето на локално и национално ниво и да преземе важни чекори во воспоставувањето систем за управување со отпад.

Vjpllca Aliti

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button