ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Загаден воздух; Зголемен е бројот на деца со алергии и пневмонии

Зголемен број на деца со пневмонии, отеженато дишење и со алергии – ова се последиците од загадениот воздух и отровните ПМ10 честитки во воздухот, вели доктор Ангелчо Андоновски.

„Кога станува збор за дишните патишта имаме најголем број на појава на алергии којшто е енормно зголемен бројот, дури над 15% се зголеми појавата на алергии кај сите деца. Имаме појава на почести опструкции, опструктувни заболувања на белите дробови. Имаме почести пневмноии кои доаѓаат до комплицирање на одредена опструкција. Имаме појава и на фиброзирање на одредено белодробно крило.

Кога надвор е загадено, доктор Андоновски на ковид пациентите им порачува да внимаваат кое време да ги проветруваат просториите. Тоа да го прават во часовите од денот кога воздухот не е или е помалку загаден.

„Поготово кај пациентите со Ковид – 19 коишто имаат интензивирана кашлица, којашто е иритативна или сува, загадувањето допридонесува таа да биде уште поинтензивна и уште почеста во текот на денот, да има дури и кризни епизоди на губење на воздух, коешто нормално кај секое живо битие и кај човекот предизвикува чувство на страв и опасност по неговиот живот.“

Денеска воздухот не е загаден.

Празни улици и ветер. Граѓаните се надеваат на вакви времиња за да можат да чистат почист воздух.

Во Куманово, Тетово, Охрид и Струмица загадувањето беше мало. Но, изминатите денови мерните станции покажаа енромно загадување во земјава. Скопје беше прв на списокот на најзагадени градови во светот. Кога аерозагадувањето е високо се препорачува посета на планина, каде што воздухот не е загаден како во населените места.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button