ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Загрижувачка состојбата со пастрмката во Охридското Езеро

И додека албанската страна изминатите години вршеше вештачки мрест Охридското Езеро со милиони единки подмладок  на Охридска пастрмка, во Македонија цели шест години немаше таква активност, што дополнително ја  влоши и така лошата ситуација со овој ендемичен вид на риба.  Конечно езерото и од македонска страна ќе биде порибено со еден милион и педесет илјади единки. За мрестот се задолжени Научната установа Хидробиолошки завод Охрид и Институтот за сточарство во Скопје кој има инсталации за порибување во Струга.

„Имаат обврска да обезбедат  1 милион и педесет илјади зрна икра од која подоцна Охридското Езеро ќе биде порибено со охридска пастрмка. Оваа активност е многу важна за нас како држава бидејќи со оваа цел се зачувува охридската пастрмка како едно од нашите национални богатства. Жалам што тоа не се случувало изминатите години,што донесе да се доуништи или да се истреби овој важен вид на риба, кој што е за нас како држава многу важно“, рече Цветан Трипуноски-министер за земјоделство шумарство и водостопанство.

„Ние во 2021 и 2022 година, спороведувавме пилот проекти, кои беа насочени кон регистрцаија на промените на популациите на Охрдската пастрмка.Се забележуваат одредени промени, односно дисбаланс во однесувњето на популациите, нивниот животен циклус, промени во начинот на исхрана дисбаланс во генерациите и возрасните големини, кои ги среќававме во текот на истражувањето.Доколку продолжеше овој тек на неисполнување на нашата активности, вештачки мрест и порибување со охридска пастрмка, загрижувачка би била состојбата, која и во моментот е загрижувачка“, рече Орхидеја Тасеска- директорка на Хидробиолошки завод-Охрид.

Мрестот започна на 16 јануари и се одвива со предвиденото темпо.Досега се собрани 255.000 зрна на икра, кои се сместени во инкубаторите на институтот. Следната година за оваа активност од министерството најавуваат повеќе пари, што ќе значи и зголемен број единки со кои ќе биде порибено Охридското Езеро.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button