ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Загубарот МЖ – Транспорт купи луксузен автомобил вреден десетици ијлади евра!

Загубарот Железница – МЖ Транспорт купи нов автомобил. Дел од возниот парк на фирмата освен прастари локомотиви и вагони, од сега е и луксузен „Форд Мондео Титаниум“. Овој модел, на интернет, поради карактеристиките и опремата е оценет како „автомобил за агент 007“, алудирајќи на Џемјс Бонд и софистицираните возила кој тој ги вози во филмовите. Новиот автомобил треба да препознава замор кај возачот, да предупреди кога ќе се напушти коловозната лента, стартување без клуч, но и да може сам да се паркира. Договорот Железница го потпишал на 22 – ри април, а на јавниот повик се пријавила само една компанија. „Форд Монедо Титаниум“ има две илјади кубни сантиметри и минимум 147 коњски сили и ТДИ мотор.

„Договорниот орган се обврзува плаќањето на носителот на набавката да го изврши во рок од 60 дена од денот на приемот на фактурата во архива на договорниот орган, на сметка и банка за која писмено ќе го извести носителот на набавката“, се наведува во договорот.

Директор на МЖ – Транспорт е Аднан Азизи. Загубите во железничкиот транспорт во земјава достигнаа 8,3 милиони евра. Во превозот на патници, загубите на Железница само за лани се 700 илјади евра, додека во транспорт на стоки 2,3 милиони евра. Железници пред три години доби позајмици од државните МЕПСО и ЕЛЕМ за исплата на плати. МЖ – Транспорт е едно од претпријатијата за кое премиерот Зоран Заев најави дека може да се приватизира. Модел „Форд Мондео Титаниум“ купија и директорот и заменик директорот на Фондот за здравствено осигурување. Стево Крстевски и Фатон Ахмети потрошија околу 80 илјади евра народни пари за нови автомобили, со објансување дека старите кои се купени во 2014 – та година се крајно амортизирани и дотрајани.

Бојан Стојановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button