ВЕСТИРЕГИОН

Захариева: Предлогот што го носат Силва и Вархеји нема гаранции за Бугарија

Поранешната шефица на бугарската дипломатија, Екатерина Захариева, вели дека предлогот кој утре во Софија ќе го донесат министерот за надворешни работи на Португалија, Аугусто Сантош Силва, и еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархеји, а со кој би се одблокирал пристапниот процес за Северна Македонија, не ја задоволува рамковната позиција на Бугарија.

Таа вели дека целта на утрешната посета е јасна – претседателот Румен Радев и техничката влада што тој ја назначи да ја одобрат Преговарачката рамка за Северна Македонија за да може да се одржи првата меѓувладина конференција и де факто да почнат преговорите за членство со ЕУ. Меѓутоа, според неа, во предлогот што го носат европските претставници ги нема потребните гаранции.

„Обидот за компромисен предлог е јавна тајна во Брисел и тој циркулира низ ходниците на Европската комисија и Советот. Се запознав со него и ќе си дозволам однапред да го коментирам. За жал, предлогот повторно не одговора на рамковната позиција на Бугарија, прифатена од Владата и едногласно усвоена во парламентот, бидејќи во него нема никакви гаранции дека нашите соседи ќе ги прифатат европските вредности. Имаме ли гаранции дека антибугарската кампања во Скопје ќе престане? Дали Република Северна Македонија повеќе нема да ги прогонува своите граѓани со бугарска самосвест? Дали на граница нема да попречуваат влез на бугарски книги? Дали нема да ги попречуваат бугарските инвеститори? Дали ќе емитуваат бугарска телевизија? Дали ќе запрат со црната кампања против Бугарија низ цела Европа? Јас овие гаранции не ги видов“, коментира Захариева на Фејсбук.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button