ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕГИОН

Захариева во пресрет на изборите: С Македонија е сè уште жртва на комунистичката југословенска пропаганда

Поранешната вицепремиерка и министерка за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, во интервју за БГНЕС, а во пресрет на парламентарните избори во земјата каде таа е еден од носителите на листа на ГЕРБ, вели дека политичарите во Скопје наместо да одат по патот на добрососедството, „сè уште се жртви на комунистичката југословенска пропаганда на омраза кон Бугарија“.

Затоа, додава таа, Бугарија сака земјава „да ги отвори своите архиви на тајните служби и да се исчисти од поранешните комунистички полициски агенти во нејзините редови“.

„Едно мора да им биде јасно на политичарите во Скопје, Европската унија гарантира подобар живот за нивните граѓани и тие го сакаат токму тоа, но наместо да одат по патот на добрососедството, тие сѐ уште се жртви на комунистичката југословенска пропаганда на омраза кон Бугарија. Затоа сакаме оваа земја да ги отвори своите архиви на тајните служби, да се исчисти од поранешните комунистички полициски агенти во нејзините редови, да го отстрани јазикот на омраза од учебниците и медиумите“, вели Захариева во интервјуто.

На прашањето од новинската агенција: „Дали во Брисел разбираат дека македонизмот е неспоив со европските вредности и дека не му е место во ЕУ?“, поранешната бугарска шефица на дипломатијата категорично потврдува потенцирајќи дека „мора да бидеме наивни дека Брисел не ја разбира нашата (на Бугарија) загриженост“.

„Урсула фон дер Лајен тешко дека ќе заборави како ја пречекаа во парламентот на Северна Македонија – со плакати ‘Предавници на народот’, ‘Народот рече – не, сфатете’, ‘Јазикот е идентитет’, ‘Деца на заевизмот, го враќате фашизмот’. Што е со францускиот претседател, што со комесарот за проширување? Одамна антибугарскиот бран стана антиевропски. Сите знаеме кој има интерес од ова, кој не сака Северна Македонија да влезе во Европската Унија и кој сака Балканот да остане нестабилен. Зарем не мислите дека европските амбасадори во Скопје пред неколку дена не видоа како на трибините на нивниот стадион публиката ја исвиркува нашата химна и ги навредува нашите фудбалери. Видовте ли таков став во Разград, кога бевме домаќини на нивната фудбалска репрезентација?“, вели Захариева.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button